Ндерим Неџипи и официјално нов спортски директор на Маниса

437

Некогашниот македонски репрезентативец и интернационалец, а сега успешен фудбалски работник, Ндерим Неџипи и официјално е нов спортски директор на турскиот тим Маниса.

Неџипи досега ја извршуваше оваа функција во тимот на Балкани од Косово, со кого имаше огромни успеси и играше во групната фаза од конференциската лига минатата сезона, а очигледно тој е подготвен за нови предизвици.

Како што Спортмедиа веќе најави Неџипи од денеска е прв оперативец на тимот на Маниса, клуб со богата историја и клуб каде што играле многу познати турски но и странски фудбалери.

 

ПретходноПетар Петковски пред враќање во Работнички
СледноГоран Пандев: Јас сум новиот претседател на Академија Пандев Брера Струмица (ВИДЕО)