ОФИЦИЈАЛНО: Борзаш е ново засилување за Е. Пелистер

188

Шампионот Е. Пелистер ја отвора вратата за уште едно големо ракометно име. Она што беше најавено деновиве, денеска е и официјално потврдено. Српскиот репрезентативец Урош Борзаш е нов член на шампионот.

23-годишниот Борзаш е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија која рапидно се качува кон европскиот врв. Урош доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 49 гола во четиринаесет натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм и потпиша 2-годишен договор со „зелено-белите“.

ПретходноДел од најлошите трансфери на Манчестер Сити
СледноЈа излажа Италија: Банкеро рече дека ќе игра за „аѕурите“, а сега прифатил место во тимот на САД