Синот на легендарниот напаѓач Жорж Веа, Тимоти и официјално е нов играч на Јувентус.
Напаѓачот досега беше дел од Лил, а по одличните настапи таму неговата кариера го прави клучниот чекор. Заминува во европски гигант на 23. години реално идеална возраст за да направи голгетерски бум.
Тој младинските категории ги мина во ПСЖ, дебитираше за првиот тим, а поради тоа што е роден во САД, тој е репрезентативец на оваа земја.