Реал Мадрид одлучи да собере пет талентирани играчи од младинската школа на Атллетико Мадрид. Им понудиле услови какви што не се одбиваат и Атлетико остана без некои од талентите. Од друга страна младите играчи без проблем одлучиле да заминат кај ривалот од тоа што младинската школа не е толку силна, а и Атлетико нема практика често да се потпира на тие фудбалери.
Најзвучното име меѓу нив е шпанскиот репрезентативец Ариел Нкоге. Дефанзивецот има 16 години и му претстои блескава кариера во шпанскиот фудбал.
Нови членови на „кралевите“ се Ноа Корона, дефанзивец кој има 12 години, потоа една година постариот Начо Аламеда кој е играч од средниот ред, како и браќата Начо и Хаиме Аламеда.
Но не само тоа Реал работи и на трансферот на Иниго Фреско кој би бил шестиот играч кој ова лето ќе премине од „црвено-белите“ меѓу „кралевите“.
А Атлетико не е единствена жртва на Реал. Дури десет млади играчи на Хетафе преминаа во Реал, шест од Леганес, четворица од Алкобендаса и тројца од Валенсија.