Тонали во Њукасл – многу пари, многу солзи…

1245

Италијанскиот младински репрезентативец Сандро Тонали ќе биде нов фудбалер на Њукасл. Фудбалерот кој е долгогодишен фан на „Росонерите“ и кој се надеваше дека ќе стане нивен главен играч во претстојните сезони, сепак, ќе ја продолжи кариерата во Англија.

Спортскиот директор Паоло Малдини неколку пати посочи дека Тонали нема да биде продаден, но по неговото заминување актуелното раководство дали зелено светло за трансфер.
Според медиумите трансферот на Тонали би требало да биде комплетиран викендов. Италијанскиот фудбалер би требало да ги изврши лекарските прегледи во Романија затоа што е на ЕП У21 со Италија.

Тој со Њукасл ќе потпише договор вреден 8 милиони евра по сезона плус 2 милиони во бонуси што е далеку повисока плата од 3,5 милиони од онаа на „Сан Сиро“. Њукасл ќе плати 70 милиони евра како обесштетување.

Трансфер вреден многу пари, но и солзи затоа што Тонали кој е голем фан на Милан мора да го напушти клубот кој го сака и во кој планираше да изгради блескава кариера. Тој не сакал да си замине со солзи ја примил одлуката на клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Во неколку интервјуа во изминатите години тој посочи дека Милан е во неговото срце и се би дал за овој клуб.
Знам се што направив за да стигнам до првиот тим на Милан. Нема да го напуштам Милан, тоа би било голема грешка. Знам дека е тешко, посебно во фудбалот во денешно време, но сонот ми е да станам легенда на Милан“, изјави Тонали за „Кориере дела Сера“ пред две години.

За „Газета дело Спорт“ во мај 2022 година Тонали изјави дека ќе се согласи и на помала плата за да остане на „Сан Сиро“. За истиот весник во декември 2022 година посочи дека „Би сакал да остане во Милан до крајот на кариерата“.

Сепак, тоа нема да се случи. Милан го праќа во Њукасл за одлични пари. Тонали во солзи ќе мора да се збогува со „Росонерите“ и да се развива во Премиер лигата.

ПретходноАл Хилал го купи Рубен Невеш за 55 милиони евра!
Следно„УЕФА, силна пред слабите, а слаба пред силните“