„УЕФА, силна пред слабите, а слаба пред силните“

1273

Осасуна е исфрлена од Лигата на конференции идната сезона поради нивните „гревови“ од 2013 година. Ова доаѓа поради вмешаност на клубот од Памплона во местење на натпревари во сезоната 2013/2014.
Од Осасуна истакнуваат дека казната е престрога и дека имаат намера да се жалат.

Инспекторите на УЕФА сметаат дека пресудата на Врховниот суд, со која се осудени неколку поранешни директори на Осасуна, е доволна причина Осасуна да се исклучи од европските натпреварувања, девет години по настанот.

Клубот не се согласува со критериумите на УЕФА, ќе се жали до Комитетот за жалби и најавува дека законски ќе се бори до крајни граници за одбрана на своите права.

Силна пред слабите и слаба пред посилните, УЕФА не сакаше да земе предвид дека самите шпански судови буквално објавија дека Осасуна е жртва на пренасочувањето пари што го извршија некои нејзини поранешни директори зад грбот на највисоката власт на субјектот, Собранието и контролните механизми на самиот клуб“, се наведува на почетокот на соопштението во кое УЕФА е сериозно „прозвана“. (ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ОВОЈ ЛИНК)

Се работи за договор на Осасуна со Бетис според кој клубот од Севиља би требало да го совлада Ваљадолид и да изгуби од Осасуна со цел клубот од Памплона да го сочува прволигашкиот статус. Бетис добил 600.000 евра како награда.

ПретходноТонали во Њукасл – многу пари, многу солзи…
СледноГи одби ПСЖ, Лајпциг и Милан, а го одбра Интер