Хрватски репрезентативец ќе му биде соиграч на Барди во Трабзонспор

518

Новиот тренер на турски Трабзонспор во чии редови и натаму е нашиот Енис Барди, Ненад Бјелица, си обезбеди засилување од својот поранешен клуб, Динамо Загреб. Како што тврди турската државна телевизија ТРТ, Бруно Петковиќ за сума од 3 милиони евра е ново засилување на Трабзонспор.

Турците наводно понудиле два милиони, но Динамо барал двојно повеќе, па по долги преговори клубовите се најдоа на средина. Сепак, оваа информација треба да се земе со резерва бидејќи во Турција секојдневно има шпекулации околу трансферите на фудбалерите.

Иднината на Петковиќ во Динамо е доведена во прашање, бидејќи напаѓачот на хрватската репрезентација влегува во последната година од договорот со загрепскиот клуб.

ПретходноИскусен лев бек од Албанија пред потпис со Струга ТЛ
СледноФИФА го одложи изборот на домаќин на СП 2030