Ѓорческа и Стоилковска пресреќни: По ланскиот пораз сега мораше да победиме!

116

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која го понесе најголемиот товар на мечевите на „Били Џин Кинг купот“ во Скопје, во денешните решавачки дуели со Ерменија извојува важна победа во сингл, а не дозволи изненадување ниту во игра на двојки.

„По победата над Финска знаев дека сме блиску до конечната победа, но требаше да се одиграат уште мечеви. Денеска пресуден беше мојот сингл, кој го добив без проблеми. Сметам дека сосема заслужено победивме во сите мечеви и го освоивме првото место“, изјави Ѓорческа по триумфот.

Ѓорческа победи на сите мечеви на кои настапи, пет сингл победи и две победи во дубл.

Голем товар од мечевите на женската репрезентација понесе и Магдалена Стоилковска. Таа ги одигра сите сингл мечеви, а постигна четири победи и два пораза (Финска и Ерменија), но во дубл мечевите со Ѓорческа беа одлични.

„По ланскиот пораз во финалето од Португалија едноставно „сонував“ дека оваа година во Скопје ќе успееме и тоа се отствари. Тежок беше мојот сингл меч, но во дубл повторно одигравем на ниво“, изјави Стоилковска по големата победа.

ПретходноЈуниорките со победа над САД за крај на настапот во Унгарија
СледноМајами сака да го трејдува Хиро, Лавињ одбива да се пресели во Њујорк