Дресот на Манчестер Јунајтед со број 7 го носеа вистински фудбалски икони низ историјата. Последен беше Кристијано Роналдо, а порано им припаѓаше на имиња како Дејвид Бекам, Ерик Кантона, Брајан Робсон…
Сега фамозната „седумка“ би можел да ја преземе Алехандро Гарначо. Младиот 18-годишен Аргентинец ги воодушеви сите во клубот со својот однос кон тренинзите и играта, па клубот ја разгледува можноста да го награди со дресот со број 7.
Гарначо пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020 година од Атлетико Мадрид. Настапуваше за младинските категории, а во април минатата година дебитираше за првиот тим.
Од тој момент, тој стана незаменлив член на тимот на Ерик тен Хаг. Често добиваше шанса за настап и се очекува да добие уште поголем простор во новата сезона.
View this post on Instagram
Дали бројот 49 кој моментално го носи ќе го замени во наредните денови со славната „седумка’“ ќе видиме во следните денови.
Гарначо одигра вкупно 36 натпревари за „црвените ѓаволи“ од дебито во април минатата година и има пет гола и пет асистенции. На крајот на април тој потпиша нов договор со клубот со летото 2028 година.