Македонија ја победи Ерменија и обезбеди пласман во Втората европска зона

231

По 23 години пауза, женската тениска репрезентација на Македонија се врати во Втората европска зона на Били Џин Купот. Во финалето на Третата европска зона во Скопје денеска во одлучувачкиот меч во игра на двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска со 2:0 (6:3, 6:2) славеа против ерменската комбинација Марина Давтјан и Ирена Мурадјан и со конечни 2:1 во партии дојдовме до посакуваниот триумф.

Ерменија поведе со 1:0 откако Ирена Мурадјан го доби маратонскиот прв меч против Магдалена Стоилковска со 2-1 во сетови (6:4, 4:6, 6:0) за 2 часа и 24 минути игра, а ние возвративме со победа на нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа која ја совлада Марина Давтјан со 2-0 во сетови (6:0 и 6:0) за 50 минути игра.

 

ПретходноКалиду Кулибали официјално нов играч на Ал Хилал
СледноРеал го „ограби“ Атлетико – пет фудбалери преминаа кај „кралевите“