Уште една ѕвезда може да заврши во Саудиска Арабија!

386

Се повеќе европски играчи се упатуваат кон Саудиска Арабија. Минатата година тоа го направи Кристијано Роналдо, а летово трансферите од водечките европски клубови на овие простори во светот стануваат масовни. По Карим Бензема и Н’Голо Канте, таму заминаа Калиду Кулибали и Рубен Невес, а веќе на големо се праќаат понуди до други играчи.

Уште еден фудбалер кој се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија е Антоан Гризман. Французинот неодамна изјави дека нема намера да го напушти Атлетико Мадрид, а претставниците на Ал-Наср наводно се сретнале со агентите на играчот во Лондон. Шпанскиот тим не е во добра финансиска состојба, а во договорот на Гризман има ослободителна клаузула вредна 25 милиони евра.

Антоан би можел да стане соиграч на Кристијано Роналдо, но треба да биде убеден дека тоа ќе биде вистинскиот потег за неговата кариера. Тој се чувствува одлично во Атлетико, но на 32 години знае дека има уште неколку години и неговиот следен договор најверојатно ќе биде неговиот последен голем договор. Французинот изјави дека сака да ја заврши кариерата во САД, но тоа не го спречува прво да игра во Саудиска Арабија.

ПретходноЃоковиќ утре може да го загуби првото место на АТП-листата!
СледноКако слават шампионите: Ѓоковиќ објави фотографија со Јокиќ!