Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) ја продолжи забраната за настап на руските и белоруските тимови. Одлуката на Управниот одбор на ФИВБ се однесува на одбојката, одбојката на плажа и одбојката на снег.
Исто така, беше одлучено Русија и Белорусија да се тргнат од светската ранг-листа додека трае нивното неучество, а нивните ранг-поени ќе останат замрзнати од октомври 2022 година.
Русија и Белорусија се суспендирани од меѓународните натпреварувања од страна на ФИВБ од март минатата година поради инвазијата на Украина.