Челзи одби 50+5 милиони фунти за Маунт, бара повеќе

146

Челзи ја одби и третата понуда од Манчестер Јунајтед за Мејсон Маунт, пренесува „The Athletic“. Челзи не се согласил да го продаде играчот од средниот ред за 50 милиони фунти плус 5 милиони во форма на бонуси.
Лондончани им порачале на „црвените ѓаволи“ дека ќе се согласат за понуда од 58 милиони фунти плус уште 7 милиони во форма на бонуси.
Маунт е дете на Челзи, на почетокот на професионалната кариера беше позајмуван во Витесе и Дерби Каунти. Од сезоната 2019/20 почна да игра за првиот тим. Тој е и англискии репрезентативец со 36 настапи и 5 гола до сега.

ПретходноКлајверт ќе ја спасува кариерата во Борнмут
СледноАшковски паузира еден месец