Ја излажа Италија: Банкеро рече дека ќе игра за „аѕурите“, а сега прифатил место во тимот на САД

232

Момчето со италијански корени и најдобриот дебитант за минатата сезона во НБА лигата, Паоло Банкеро, ја прифатил поканата да игра за репрезентацијата на САД на Мундобаскетот. Пред само една година, Банкеро отворено зборуваше дека има италијански пасош и сака да игра за Италија.

„Планирам да играм за италијанската репрезентација. Не сум сигурен кога, сè уште не сум бил таму, но количината на љубов што ја добивам од таму е неверојатна. Едвај чекам да заминам во Италија“, изјави Банкеро пред една година.

Сега е најавено дека тој е 11-тиот член на репрезентацијата на САД која ќе игра на Мундобаскетот 2023. Пред него беа потврдени и Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Ентони Едвардс (Минесота), Тајрис Халибартон (Индијана), Остин Ривс (ЛА Лејкерс), Микал Бриџис (Бруклин), Боби Портис (Милвоки), Џејлен Брунсон (Њујорк, Џерен Џексон (Мемфис), Вокер Кеслер (Јута) и Кам Џонсон (Бруклин).

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Борзаш е ново засилување за Е. Пелистер
СледноБоксерите без победа се враќаат од Европските Игри во Краков