Женската јуниорска репрезентација на Македонија славеше во последниот меч на силниот турнир во Унгарија, каде се подготвува за престојното Европско првенство. По поразите од Унгарија и Холандија, избраничките на селекторката Дамчевска денеска ги победија САД со 36:17.
Македонија со оваа победа го заврши турнирот на третото место со скор од една победа (над САД) и два пораза. Дамчевска имаше можност да ги провери силите на ракометарките на кои ќе смета за престојното ЕП.