Белоти го продолжи договорот со Рома до 2025 година

133

Рома ја активираше опцијата за продолжување на договорот со Андреа Белоти.

Договорот склучен во 2022 година беше дизајниран за една година, но претпоставуваше можност за продолжување за уште две сезони. Така, сега договорот со напаѓачот е со важност до 2025 година.

По заминувањето од Торино, Белоти се уште нема гол за Рома во Серија А. На 31 натпревар во првенството имаше само 2 асистенции.

„Статистички, не беше најдобрата сезона за мене. Единствениот начин да се направи разлика е да се работи уште понапорно секој ден. Многу ми значеше тоа што тренерот ги ценеше моите напори. Тој е роден победник и ни всади победнички менталитет. Тој има одличен однос со играчите. Кога мислите дека ќе дадете 100%, тој може да исцеди уште 30% од вас. Тој е способен да ги помести границите на она што вие можете“, рече Белоти по продолжувањето на соработката.

ПретходноАлегри одби 30 милиони евра од Ал Хилал, сакал да остане во Јувентус
СледноТурција е нов освојувач на „Златната лига“: Украина падна во големото финале