Селекторот на Италија, Роберто Манчини со жалење го коментира трансферот на Сандро Тонали од Милан во Њукасл, пред се затоа што смета дека така млад играч не смее да ја напушти Серија А.
„Од една страна, постои жалење што добар млад играч, како Тонали , ја напушта Италија. Тоа значи дека има некои проблеми. На технички план, играњето во Премиер лигата ќе биде корисно за Тонали и ќе биде добро за него“, изјави Манчини.
Јавноста во Италија е шокирана од ваквиот развој на настаните, односно продажбата на Тонали за кого се сметаше дека е индината на Милан, но поради огромната сума која Њукасл ја плати потегот на управата е очекуван. Тонали наводно се расплакал кога дознал дека е продаден.
Il ct #Mancini su #Tonali: ‘Se uno come lui se ne va dall’#Italia, vuol dire che c’è un problema’ https://t.co/K75CKwr2sj
— calciomercato.com (@cmdotcom) June 24, 2023