Рељиќ поразена во четвртфиналето на ЕИ во Краков

45

Мила Рељиќ не успеа да ја помине четвртфиналната препрека на Европските игри во Краков, Полска. Македонската таенквондистка утринава ја совлада Каролин Гјелсвик од Норвешка во првото коло со 2:0 во рунди, а попладнето е поразена од Петра Столбова од Чешка со 2:1 во рунди.

Чешката претставничка поведе со 1:0, Рељиќ изедначи и во решавачката рунда противничката беше подобра и се пласира во полуфиналето.

ПретходноПролет се засили со пивотменот Антонио Николовски
СледноМото ГП: Бањаја најбрз во Асен пред 180.000 гледачи!