Карлос Алкараз од утре повторно ќе се најде на врвот на АТП листата. Тој славеше на финалето во Квинс, откако го совлада Алекс Де Минро во два сета (6-4, 6-4).
Шпанецот со овој триумф ќе има 7.675 поени, а додека Ѓоковиќ останува на 7.595 бодови. Алкараз ќе биде прв носител на претстојното издание на Вимблдон.
tfw when you regain the World No. 1 ranking! ⭐️🏆@carlosalcaraz | #cinchChampionships pic.twitter.com/rZ2CeoaIcX
— ATP Tour (@atptour) June 25, 2023
На турнирот во Хале, кој исто така се игра на трева, со трофејот се закити Русинот Бублик, кој во големото финале го совлада сонародникот Рубљов со 6-3, 3-6, 6-3.