Карло Анчелоти, најверојатно, ќе мора да го промени системот на игра во Реал (М) за следната сезона. Според аналитичарите на весникот „АС“. Од стандардната формација 4-3-3, италијанскиот стратег следната сезона по се изгледа ќе преферира игра во формација 4-3-1-2.
Како „десетка“ ќе го користи Џуд Белингем, од кого се очекуваат и многу повеќе голови од оние 14 кои во тековната сезона ги постигна за Борусија (Д). Во нападот како двоец ќе играат Родриго и Винисиус Жуниор.