Веќе е официјално: Мирко Радовиќ емотивно се збогува со Пелистер!

265
Мирко Радовиќ ја завршува својата приказна во Битола. После пет години, во кои ја носеше и капитенската лента, одлучи дека е време за збогум. Тој им се обрати на битолчани, навивачите и раководството на клубот.

,,Драга моја Битола, драги битолчани, Чкембари и сите мои пелистерци на секаде во Македонија, фала ви на преубави и незаборавни 5 години.

Фала ви што мојата породица и мене ме прифативте како ваши. Среќен сум што најубавите години од својот живот и својата кариера ги поминав во Битола.

За жал, дојде време да се разделиме, но се разделуваме на најдобар можен начин, ја вративме титулата после 18 години таму кај што му е местото, во Битола.

Клубот го оставам во сигурни раце, млади домашни сили кои таа работа ќе ја обработат исто како и јас, сигурно и уште подобро од мене. Тие се врвни луѓе и спортисти на кои лежи сегашноста и иднината на македонскиот ракомет.

Големо фала за сите мои соиграчи, што ме трпеа цело ова време, знам дека не беше лесно. Фала и на управата на клубот, на целата фамилија Стерјеви, што пред се ме третираа како член на фамилијата, па потоа како играч сите овие години.

Фала ти Битола, мој драг дом, ова не е збогум, туку само до следно видување, само не повеќе во улога на капитен, туку во улога на навивач.

Ве сака вашиот капитен.”, стои во обраќањето на Радовиќ. 

Според најавите тој ќе се врати во Ловќен, тимот каде што играше од 2009 до 2014 година.
ПретходноМладиот Холанѓанец чија цена изнесува 30 милиони евра на „мета“ на Ливерпул и Тотенхем!
СледноМизерна понуда на Галатасарај за Левандовски!