Де Геа ќе мора да прифати двојно помала плата за да остане на Олд Трафорд, а управата му носи жестока конкуреција

732

Давид Де Геа доколку сака нема да има потреба да го напушти Олд Трафорд и неговиот тим Манчестер Јунајтед, но летово тој ќе мора да се согласи на драстично помала плата од онаа која што тој ја добиваше досега.

Фантастичните 375.000 фунти неделно ќе се преполоват, и според новиот едногодишен договор шпанецот кој сега веќе има 32. години и е дел од Јунајтед од 2011 година ќе треба да добива 200.000.

Од друга страна, мета на клубот, како замена за Де Геа кој повеќе од деценија е неприкосновен на голот на Манчестер Јунајтед е голманот на Интер, Андре Онана. Тој и Ерик Тен Хаф, менаџерот на Јунајтед имаат нераскинлива врска од времето додека двајцата беа дел од Ајакс.  Англискиот гигант веќе упати конкретна понуда вредна 50 милиони евра и одредени бонуси за доведување на Онана од Интер.

 

 

ПретходноМладинскиот капитен на Германија доаѓа во Интер (ВИДЕО)
СледноРељиќ во четвртфиналето на ЕИ во Краков