Зошто сите заминуваат да играат во Саудиска Арабија? Еве зошто….. луксуз и раскош како на филм(ВИДЕО)

3686

Најновиот тренд во фудбалот кој стартуваше летово, а ќе има очигледно огромна експанзија во пеиродот кој следува е заминувањето на големите звезди на Блискиот Исток. Саудиска Арабија, Катар, се повеќе привлекуваат класа фудбалери, каде што веќе заминаа Кристијано Роналдо и Карим Бензема на пример.

Секако, водени од огромната заработка и очигледно невидениот луксуз кој нафтените милиони можат да го приуштат, се повече фудбалери се решаваат на ваков потег. А како изгледа сето тоа, на светската јавност за моменд и сподели некогашниот играч на Манлестер Јунајтед, Одион Игало кој сега е дел од тимот на Ал Хилал. Овој клуб се смета за најголемиот во С. Арабија, и еден од најголемите во тој регион.Заврши како трет во последниот шампионат на оваа земја, а Игало сподели видео како клубот заминува на гостување. Ни помалку ни повеќе со приватен Boeing 747-400, кој за оваа прилика си го приуштил сопственикот на клубот, инаку принц, Ал Валид бин Талал.

Клубот веќе го доведе Рубен Невеш од Волфси, а се најавува и трансферот на Калиду Кулибали како готова работа.

ПретходноМанчестер Сити се договори со Јошко Гвардиол
СледноМеси со мајсторија на простувањето на Макси Родригез (ВИДЕО)