Тимот на Силекс најверојатно како летно напаѓачко засилување ќе го доведе искусниот Антонио Каланоски. Тој во изминатата сезона за тимот на Гостивар постигна 25 гола, што секако е добра препорака следната сезона да настапува во ПМФЛ.
Иако Каланоски имаше понуди како од домашниот шампионат, така и од странство сепак, Спортмедиа дознава дека тој ќе се одлучи да замине во Кратово.
Силекс летово планира да се засили во сите линии, како во дефанзивата, така во средниот ред, односно нападот, а очигледно дека Каланоски е решението за голгетерската позиција.
Искусниот напаѓач веќе одработи еден мандат во Кратово во 2016 година.