Трансфер гуруто Фабрицио Романо, доцна синоќа објави дека тимот на Манчестер Сити ги договорил личните услови по кои хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол ќе премине во шампионот на Англија.
Тој во моментов е член на тимот на Ред Бул Лајпциг и е еден од најбараните играчи во светот. СПоред тоа нормално е да оди и во еден од најдобрите клубови во светот. Сити секогаш е во потрага по засилувања, Гвардиол е стоперот кому уште од дете му се предвидува блескава кариера, и тој засега ги оправдува овие најави.
Секако дека нема да чини помалку од стотина милиони евра што е и нормално за играч од негов калибар но и возраст, а ќе видиме дали Ред Бул ќе се согласи да го продаде токму ова лето.
Во моментов тој се опоравува од мини оперативниот зафат што го имаше за време на оваа летна пауза.