Манчини: Трансферот на Тонали е проблем за италијанскиот фудбал

386
Photo LaPresse - Jennifer Lorenzini 12 November 2018 Firenze (Italy) Soccer Italy Italian Football meeting - "Coverciano" - training In the pic: Roberto Mancini and Sandro Tonali PUBLICATIONxINxGERxSUIxAUTxONLY Copyright: xJenniferxLorenzini/LaPressex

Селекторот на Италија, Роберто Манчини со жалење го коментира трансферот на Сандро Тонали од Милан во Њукасл, пред се затоа што смета дека така млад играч не смее да ја напушти Серија А.

„Од една страна, постои жалење што добар млад играч, како Тонали , ја напушта Италија. Тоа значи дека има некои проблеми. На технички план, играњето во Премиер лигата ќе биде корисно за Тонали и ќе биде добро за него“, изјави Манчини.

Јавноста во Италија е шокирана од ваквиот развој на настаните, односно продажбата на Тонали за кого се сметаше дека е индината на Милан, но поради огромната сума која Њукасл ја плати потегот на управата е очекуван. Тонали наводно се расплакал кога дознал дека е продаден.

ПретходноФрлачка на ѓуле трчаше на 100 метри со препреки на Европско првенство (видео)
СледноВаленти ќе биде новиот тренер на Академија Пандев Брера