Меси со големо интервју за BeIN Sport: Не сум повеќе играчот од Барселона

1747

Лионел Меси од сега натаму тешко дека ќе биде во фокусот на Европската фудбалска јавност, од проста причина што замина да игра во САД за тимот на Интер Мајами. Тоа го прави далеку поинтересен за медиумите во САД, а и воопшто неговата форма и перформансите се далеку од оние во неговите најдобри времиња.

Како и не би биле кога Лео само што наполни 36. години што значи дека неговото тело не е повеќе она кое го направи најдобар во светот со години. Тој о големо интервју за тв мрежата  BeIN Sport рече дека и самиот е свесен дека одамна не е повеќе играчот од најдобрите денови во Барселона и дека полека но сигурно е свесен дека годините го стигаат.

„Се разбира, јас повеќе не сум истиот играч каков што бев пред неколку години во Барселона . Мојата прва сезона во ПСЖ беше многу тешка поради неколку причини. Но, втората година се чувствував многу поопуштено. Светското првенство одигра важна улога. Тоа беше необична година за сите. Некои подоцна се вратија во клубот, други добија дополнителен одмор, други беа повредени. Ова имаше влијание врз нашите перформанси. Не спречија и повредите на важни фудбалери како Нејмар – рече Меси па додаде. 

„Светското првенство влијаеше на многу начини, особено во средината на сезоната. Ова не е оправдување бидејќи многу играчи учествуваа на Светското првенство во 2022 година, но факт е дека Светското првенство влијаеше на нашиот настап во Лига 1 и Лигата на шампионите. Сите се враќаа различно“, објасни Аргентинецот. 

„Веќе не ми е гајле за личните најдобри резултати, тие не ми се важни. Ме интересира што постигнав со репрезентацијата на Аргентина и со моите клубови. Најмногу сакав да ја кренам светската титула и успеав. Јасно е дека со ПСЖ сакавме да ја освоиме Лигата на шампионите, но не успеавме и тоа беше големо разочарување“, призна Меси . 

 

ПретходноМеси со мајсторија на простувањето на Макси Родригез (ВИДЕО)
СледноЧеферин: Идиотите кои му штетат на фудбалот мора да ги снема