Мизерна понуда на Галатасарај за Левандовски!

956

Фенербахче заврши одлична работа и го донесе Един Џеко. Ривалите Галатасарај сакаа да одговорат со доведување на Роберт Левандовски, но на Барселона и испратија мизерна понуда.

Според тамошните медиуми, разговорите за потенцијалниот трансфер на Левандовски во Галатасарај требало да започнат деновиве. Тоа е поврзано со потенцијалните планови на Барселона, во кои е тешко да се поверува.

Наводно, Жоан Лапорта решил да го подмлади тимот и да се збогува со искусните играчи, кои не само што можеби нема да бидат силата на тимот во иднина, туку добиваат и многу високи плати.

Тешко е да се поверува и колкава е сумата на трансферот што 23-кратниот турски шампион требаше да и го понуди на Барселона. Станува збор за девет милиони евра.

Јасно е дека ништо нема да излезе од оваа работа и дека Роберт Левандовски во наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона.

ПретходноВеќе е официјално: Мирко Радовиќ емотивно се збогува со Пелистер!
СледноАлкараз го освои Квинс и пак го симна Ѓоковиќ од врвот!