Мила Рељиќ низ репасаж ќе се бори за бронза на Европските Игри 2023

118

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ ќе се бори за бронзен медал во категоријата до 62 килограми на Европските Игри во Краков. Таа беше запрена во четвртфиналната пресметка, откако претходно успешно ја мина првата пречка, но откако беше повлечена во репасаж, успеа да слави и да избори меч за бронзен медал.

Рељиќ ја совлада Каролин Гјелсвик од Норвешка во првото коло со 2-0 во рунди, а во четвртфиналната борба беше поразена од Петра Столбова од Чешка со 2-1.

Чешката претставничка обезбеди финале, па и помогна на Рељиќ да добие шанса преку репасаж да се бори за медал. Првата борба нашата таеквондистка ја доби со 2:1 против Италијанката Гаспа, па сега останува уште клучниот меч со Британката Пауел вечерва кој може да ни донесе прв медал на Европските Игри 2023.

ПретходноЦрвена Звезда обезбеди 500.000 евра за специјална покана за Евролига!
СледноМилош Теодосиќ пред портите на Црвена Звезда!