Милош Теодосиќ пред портите на Црвена Звезда!

339

Еден од најдобрите и најпопуларни српски кошаркари на овој милениум, Милош Теодосиќ, би можел да се врати дома откако му истече договорот со Виртус, каде ги мина последните четири години. Италијанските медиуми пишуваат дека Црвена Звезда е решена да го доведе.

„Кориере дело спорт“ пишува дека поради финансискиот фер-плеј Виртус не може да му понуди ниту приближна плата од сегашната, а дека Црвена звезда покажува голем интерес за 36-годишниот плејмејкер.

Поранешниот српски репрезентативец сезонава за Болоња настапи на 26 натпревари во Евролигата и забележа просек од 10,3 поени, шест асистенции и 1,6 скокови.

Кариерата ја започна во ФМП и Борац Чачак, а потоа следуваа блескавите етапи во неговата кариера и беше дел од Олимпијакос, ЦСКА Москва, Лос Анџелес Клиперс во НБА-лигата и Виртус Болоња.

ПретходноМила Рељиќ низ репасаж ќе се бори за бронза на Европските Игри 2023
СледноЏексон ги мина прегледите во Челзи: Сенегалец го засилува нападот на лондончани