Младинскиот капитен на Германија доаѓа во Интер (ВИДЕО)

390

Веќе е сигурно дека следниот трансфер на тимот на Интер ќе биде У21 капитенот на репрезентацијата на Германија, Јан Аурел Бисек. Робусниот дефанзивец, кој може да игра на позицијата стопер но и последен играч за врска речиси сигурно се сели во Милано, и прашање е само на денови кога тој ќе се појави на лекарски прегледи.

Бисек има интересна биографија досега, што се однесува до клупската кариера. Тој е 2000. годиште и е роден во Келн каде што и ја започнал кариерата. Откако во Келн увидел дека нема да има простор за прволигашка минутажа, заминал во Португалија каде што заиграл за тимот на Виториа Гимараеш. Уште еден обид во Келн ги добил истите резултати, за да на крајот заигра за дански Архус.

Сепак, настапите за младата репрезентација на Германија, му донесоа сериозен интерес, а очигледно наскоро и голем трансфер на младиот дефанзивец.

ПретходноВаленти ќе биде новиот тренер на Академија Пандев Брера
СледноДе Геа ќе мора да прифати двојно помала плата за да остане на Олд Трафорд, а управата му носи жестока конкуреција