Светскиот првак во Мото ГП, Франческо Бањаја е победник на денешната Мото ГП трка за Големата награда на Холандија.
Италијанскиот возач и актуелен светски шампион на патеката во Асен ја постигна четвртата победа на главната трка и славеше вкупно седум пати сезонава.
Возачот на VR 46 тимот Марко Бецеки го освои второто место, додека на подиумот стигна и Алеш Еспаргаро од Априлија, откако возачот на КТМ Бред Биндер беше казнет поради напуштање на патеката.
Речиси 180.000 гледачи присуствуваа на тркачкиот викенд во Асен.
Во генералниот пласман води Бањаја со 194 бодови, втор е Хорхе Мартин од Прамак Дукати со 159 бодови, а трет е Бецеки со бод помалку.
Во Мото ГП има пауза до 6 август и трката за Големата награда на Британија на патеката Силверстоун.
Back-to-back victories for @PeccoBagnaia at Assen! 🥇
The World Champ reigns supreme at The Cathedral and takes his 4th win of the season! 👊#DutchGP 🇳🇱 pic.twitter.com/d6KNMnt72E
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 25, 2023