Почина некогашниот фудбалски репрезентативец на Белгија

15219

Некогашниот белгиски фудбалски репрезентативец и интернационалец, Седрик Росел, ненадејно почина на 45.годишна возраст. Како што јавуваат медиумите од Белгија, Росел починал од срцев удар на терасата од еден трговски центар во неговиот роден град Монс.

Тој настапуваше како напаѓач, а во кариерата беше дел од дури шеснаесет клубови. За Белгија настапи на многу мечеви во младинските категории, додека за А репрезентацијата забележа три настапи.

 

ПретходноФИВБ ја продолжи забраната за руските и белоруските тимови
СледноМанчестер Сити се договори со Јошко Гвардиол