Турција е нов освојувач на „Златната лига“: Украина падна во големото финале

432

Машката одбојкарска репрезентација на Турција е новиот освојувач на Европската Златна лига на ЦЕВ. Во големото финале на Ф4 турнирот во Задар, Хрватска, Турците по голема борба со 3:2 (14-25, 25-22, 26-24, 22-25, 15-6) беа подобри од благиот фаворит Украина, која до ова финале имаше загубено само еден сет.

Украинците одиграа одлично на стартот и без многу проблеми го освоија првиот сет, најавувајќи атак на титулата. Тие 25:14 како да ги отрезнија турските одбојкари, кои во следните два сета покажаа голема борба и решеност да се вратат во мечот. Турција ги освои вториот и третиот сет и дојде до пресврт предност од 2:1 во сетови.

Четвртиот сет повторно им припадна на Украинците, кои по многу нервоза и меѓусебни препукувања со противничките одбојкари, на крајот стигнаа до 25:22 за 2:2.

И кога се очекуваше дека самодовербата е на старана на Украина, Турција го почна тај-брејк сетот маестрално. Поведе убедливо со 8:2 и потоа веќе беше тешко да се направи изненадување.

Со овој триумф, Турците изборија место во Светската Лига на Нации следната сезона.

ПретходноБелоти го продолжи договорот со Рома до 2025 година
СледноАнчелоти ќе ја менува формацијата за следната сезона: Старт со двајца напаѓачи