Фрлачка на ѓуле трчаше на 100 метри со препреки на Европско првенство (видео)

1422

На Европското тимско атлетско првенство во Хоржов, Полска се случи интересен момент во кој белгиска фрлачка на ѓуле се натпреваруваше во дисциплината 100 метри со препреки.

Жолиен Малига Бумкво со согласи да трча на 100 метри со препреки откако сонародничката Ане Загре, европска јуниорска првенка се повлече од шампионатот поради повреда, а колешката која се натпреваруваше на 400 метри со препреки и која требаше да ја замени исто така се повреди.

Немаше кој да го пополни местото, па тимскиот капитен Бумкво која фрла ѓуле, одлучи да помогне и да освои бодови за Белгија да остане во првата дивизија .

Бумкво заврши последна со време 32.81 секунди но освои два поени.

Ме викнаа на помош. Во консултација со тренерот прифатив да трчам. Понекогаш на тренинзи трчаме со препреки, па знаев што да направам. Ризикував повреда, но решив да трчам. Ако моите два поени ќе помогнат во останување во првата дивизија, тогаш вредеше ризикот“, изјави Бумкво.

По два дена Белгија моментално е на дното на табелата со 159 поени, а последните три испаѓаат во понизок ранг.

ПретходноКаланоски ќе напаѓа за Силекс
СледноМанчини: Трансферот на Тонали е проблем за италијанскиот фудбал