Линфорд Кристи на СП 1993 година постави британски рекорд на 100 метри со време од 9,87 секунди. Утринава на Гран при во Њујорк, Зарнел Хјуз успеа да го урне и да стане најбрзиот Британец. Тој ја истрча патеката за 9,83 секунди што е нов британски рекорд но и втор најбрз европски атлетичар по Италијанецот Марсел Џејкобс кој на ОИ во Токио во 2021 година истрча во време од 9,80 секунди.
„Се разбудив со 9,83 во мислите. Потоа кога ја истрчав патеката погледнав на семафорот и таму пишуваше 9,83. Не можев да поверувам што се случи. Не дојдов тука да уривам рекорди, само сакав да трчам брзо. Не си велев, ајде направи перфектно време. Релаксирано и со уживање ја истрчав патеката, а тоа што е најдобро британско време е дополнителен плус“, изјави Хјуз.
Linford Christie’s British 100m record falls after 30 years!
Zharnel Hughes is now the fastest British man in history!😍🇬🇧 pic.twitter.com/fi495WAEqz
— Sun Sport (@SunSport) June 24, 2023