Кошаркарскиот клуб Црвена звезда од следната сезона ќе игра во Евролигата, ексклузивно пренесува „Телеграф“, а конечната потврда за ова ќе дојде на 29. јуни. Ова значи дека и во следната сезона најголемите српските „вечни“ ривали Црвена звезда и Партизан ќе бидат дел од најсилното европско клупско натпреварување.
Звезда обезбедила 500.000 евра и следната сезона ќе плати специјална покана за учество во Евролигата, исто како што беше случајот со Партизан лани.
Евролигата ќе и обезбеди „вајлд-карта“ на Звезда, а за последното место во Евролигата ќе конкурираат шпанската Валенсија и вицешампионот во Еврокупот Турк Телеком.