Чеферин: Идиотите кои му штетат на фудбалот мора да ги снема

316

Првиот човек на УЕФА, Александр Чеферин одржа силен говор на отворањето на четридневниот конгрес на европските фудбалски навивачи кој се одржува во Манчестер. Истиот е со фокус на актуелните случувања на финалните мечеви од Европските наптреварувања, како Лигата на Шампионите, Европа Лигата и Конференциската лига. Како што самиот Чеферин кажа воопшто не е задоволен со организацијата на овие финални мечеви и мора УЕФА да поработи на тоа.

„Сите сме свесни дека на финалето во Истанбул организацијата на беше перфектна. Секако дека не ги минимизирам проблемите, но дозволете да продолжиме да работиме и да се подобруваме во секој аспект. Пред се тука мислам на превозот на навивачите од една точка до стадионот и обратно, како и на пристапот на секој навивач до тоалет и вода“ – рече Чеферин, а потоа го прокоментира и однесувањето на навивачите на Фиорентина и Вест Хем, учесниците на финалето во Конференциската лига.

„Мораме да го дигнеме гласот и да бараме одговори. Идиотите кои му штетат на фудбалот мора да ги снема. Тие им штетат на фудбалот и на нормалните навивачи. Да го решиме проблемот со омразата кон фудбалските работници, судиите, вработените во УЕФА, сојузите, лигите. Тоа се луѓе кои го сакаат фудбалот, но во исто време имаат и семејства и пријатели како сите нас“ – рече Чеферин.

 

 

 

 

ПретходноМеси со големо интервју за BeIN Sport: Не сум повеќе играчот од Барселона
СледноКаланоски ќе напаѓа за Силекс