Џексон ги мина прегледите во Челзи: Сенегалец го засилува нападот на лондончани

165

Ѕвездата на Виљареал, Николас Џексон ги заврши медицинските прегледи во Челзи, па сега останува и официјално да биде потпишан договорот. „Сините“ за репрезентативецот на Сенегал ќе платат околу 30 милиони фунти, но наместо целата сума одеднаш, ќе ја поделат на неколку рати.

Џексон постигна 13 гола минатата сезона за Виљареал и ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ за да го засили нападот на тимот. 22-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови околу осумгодишниот договор со Челзи. Тој ќе биде второто ново засилување на „Стемфорд Бриџ“ ова лето по потписот на Кристофер Нкунку.

ПретходноМилош Теодосиќ пред портите на Црвена Звезда!
СледноВекиќ испушти голема шанса, Квитова победник во Берлин