Алкараз искрен: Шансите на Вимблдон се менуваат, таму ќе биде Ѓоковиќ!

1689

Карлос Алкараз од утре и официјално ќе се врати на врвот на АТП-листата, место кое во овој момент му припаѓа на Новак Ѓоковиќ. Шпанскиот тенисер славеше во финалето во Квинс.

Алкараз по добивањето на пехарот се осврна кон Вимблдон, свесен е дека таму нема да биде лесно, бидејќи неговиот најголем конкурент е Новак Ѓоковиќ.

„Шансите на Вимблдон не се менуваат, бидејќи доаѓа и Новак. Сепак, сега се чувствувам подобро отколку пред една недела и тоа е очигледно. Враќањето на првото место ми дава дополнителна мотивација и самодоверба, но тоа не би променило многу дури и да бидам втор на АТП листата“, рече младиот Шпанец по завршување на финалето. 

Младиот Шпанец е среќен поради освоениот турнир, прв на трева.

„Одењето на Вимблдон како број еден е многу важно за мене, но и неверојатно. Ова немаше да биде возможно без поддршката од сите луѓе околу мене во текот на минатата недела. Не го започнав најдобро турнирот, морав да го прилагодам движењето, но тоа беше импресивна недела. Почувствував многу енергија, вака да се дојде на Вимблдон е многу добро“. 

ПретходноПерез де Варгас може да ја напушти Барселона!
СледноАлегри одби 30 милиони евра од Ал Хилал, сакал да остане во Јувентус