Валенти ќе биде новиот тренер на Академија Пандев Брера

2170

Италијанскиот стратег Џовани Валенти ќе биде новиот стратег на струмичкиот прволигаш Академија Пандев Брера. Нашиот фудбалски ас Горан Пандев вчера изјави дека е нов претседател на клубот и најави дека екипата ќе ја предводи италијански тренер, а се работи за Валенти кој последно работел во младинскиот тим на Парма.

Откако во Академија Пандев влезе компанијата Брера се случуваат промени како во раководните структури така и во стручниот штаб, а 47 годишниот италијански стратег ќе биде предводник на тимот во новата сезона во ПМФЛ. Валенти претходно бил помошник селектор во селекциите на Италија до 19 и 20 години. Досега работел само во младински тимови и тоа во Милан, Бреша и Јувентус.

 

 

ПретходноМанчини: Трансферот на Тонали е проблем за италијанскиот фудбал
СледноМладинскиот капитен на Германија доаѓа во Интер (ВИДЕО)