Векиќ испушти голема шанса, Квитова победник во Берлин

92

Деветтата тенисерка во светот Петра Квитова денеска го освои турнирот во Берлин, откако во финалето ја совлада хрватската тенисерка Дона Векиќ со 6:2, 7:6 (6).

Двократната шампионка на Вимблдон за еден час и 41 минута ја совлада 23. тенисерка во светот.

Во првиот сет, Чехинката два пати го одзеде сервисот на хрватската тенисерка, додека во вториот дел од играта, Векиќ направи прв брејк. Водеше со 5:3, но Квитова возврати во десеттиот гем. Сетот потоа отиде во тај-брејк, а Векиќ имаше шанса да го одведе мечот во третиот сет при 6:5.

Во продолжение следуваа три врзани бода за Квитова, која со тоа стигна до 31-та титула во кариерата.

ПретходноЏексон ги мина прегледите во Челзи: Сенегалец го засилува нападот на лондончани
СледноМерцедес и Хамилтон се подалеку од договор: Британецот има две нереални барања