Македонскиот второлигаш Детонит Плачковица објави дека ги засилил своите редови со 22-годишниот фудбалер Сухејб Рушити. Тој минатата сезона беше дел од тимот на Гостивар кој избори промоција во ПМФЛ, а по завршување на сезоната тој заедно со уште неколкумина добија слобода да си побараат нови клубови.
Рушити, кој е играч од средниот ред, низ кариерата беше дел од Скопје, Вардар Форино, Шкупи и Металург.
Досега во Детонит дојдоа Дарко Стојанов и Оливер Христов, а си заминаа Алексовски, Димовски и Алпај Јусуф.