Интер ја прифатил понудата на Ал Наср за Брозовиќ

371

Раководството на Интер ја прифатило понудата на Ал Наср за ѕвездата на тимот Марсело Брозовиќ, кој беше една од целите на шпанската Барселона. Медиумите во Италија откриваат дека клубот од Саудиска Арабија за кој игра Кристијано Роналдо ќе плати 23 милиони евра за 30-годишниот Хрват.

Клучно во преговорите се покажала и желбата на самиот Брозовиќ кој ќе биде „врзан“ со фантастичен договор.

Неофицијално, хрватскиот репрезентативец ќе добие околу 20 милиони евра по сезона и со договор до летото 2027 година. Барселона не може да му понуди таква сума поради своите финансиски проблеми и ќе остане без услугите на Хрватот.

A Интер веќе пикирал замена за Брозовиќ. Тоа е ѕвездата на Сасуоло Давиде Фратеси.

 

ПретходноВторолигашот Детонит се засили со Рушити
СледноПролет се засили со пивотменот Антонио Николовски