Меси конечно ја кажа вистинската причина поради која го напушти ПСЖ!

1102

Лионел Меси после две сезони го напушти ПСЖ и наскоро ќе заигра за новиот клуб, Интер Мајами. Иако во Париз освои две титули и суперкупот, даде 32 гола на 75 меча, сепак навивачите на ПСЖ жестоко го исфиркуваа, доволно за да го протераат Аргентицот од тимот. Во разговор за „beIN Sports“, Меси за првпат проговори за за заминувањето од ПСЖ.

„Некои луѓе почнаа да ме третираат поинаку, дел од навивачите на Париз. Мислам дека голем дел сакаа да останат и се однесуваа кон мене како штотуку да сум дошол, но дојде до проблем со група на навивачи. Тоа никогаш не го сакав. Ми се случи она што претходно го доживеаја Нејмар и Мбапе“, рече Меси.

Тој не  е сигурен дали победата над Франција во финалето на СП допринела за таквиот статус.

„Со себе ќе ги понесам само убавите спомени од луѓето кои ме почитуваа, како што јас ги почитував веднаш штом дојдов“.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Кулибали е нов играч на Ал Хилал
СледноПерез де Варгас може да ја напушти Барселона!