Младиот Холанѓанец чија цена изнесува 30 милиони евра на „мета“ на Ливерпул и Тотенхем!

211

Играчот од средниот ред на Волфсбург, Мики ван де Вен (22) одигра одлична сезона, привлекувајќи го вниманието на многу помоќните клубови од Европа.

Тој е млад холандски репрезентативец кој се уште нема дебитирано во сениорскиот тим, игра како централен дефанзивец, иако може да ја покрие и позицијата лев бек.

„Волците“ за него ги бараат сите 30.000.000 евра што би им донело огромен профит, имајќи предвид дека Ван де Вен го донесоа пред две години од Волендам за 3.500.000 евра.

Први се огласија англиските клубови, а тоа се Ливерпул и Тотенхем, па следна станица за бараниот дефанзивец би можела да биде Премиер-лигата.

На „Енфилд“ го гледаат како долгорочно решение во одбраната бидејќи се најавува дека Трент Александер-Арнолд би можел да се пресели во средниот ред, особено по игрите на таа позиција во репрезентацијата на Англија.

Холанѓанецот може да игра и со четири и со тројца во бековската линија, што е ставка што Јирген Клоп навистина ја цени.

ПретходноБеше офарбан во розово, а сега има уште полуда фризура
СледноВеќе е официјално: Мирко Радовиќ емотивно се збогува со Пелистер!