Перез де Варгас може да ја напушти Барселона!

347

Нема да биде ни малку чудно, ако Гонзало Перез де Варгас во следната сезона нема да го гледаме на голот на Барселона. Според информациите кои доаѓаат каталонскиот гигант ќе ја отвори вратат за одличниот шпански голман за трансфер во друг тим, а тој најверојатно може да биде Кил.

Де Варгас има уште две години од договорот, но поради намалениот буџет во ракометниот и кошаркарскиот тим, Барселона им дава шанса на заинтерисираните тимови да го откупат неговиот договор.

Цената која каталонскиот гигант ќе ја бара за едно вакво име сигурно нема да биде мала, отшетата може да достигне рекордна сума.

ПретходноМеси конечно ја кажа вистинската причина поради која го напушти ПСЖ!
СледноАлкараз искрен: Шансите на Вимблдон се менуваат, таму ќе биде Ѓоковиќ!