Пролет се засили со пивотменот Антонио Николовски

104

Тинекс Пролет го комплетираше и вториот трансфер во овој преоден рок откако успешно ги заврши преговорите со Антонио Николовски.

Николовски е 24-годишен ракометар кој настапува на пивотменската позиција, а го краси и цврстина во одбраната, со што сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Лембанов во новата натпреварувачка сезона. Тој има настапувано за Вардар јуниор, а ланската сезона ја почна во дресот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во таборот на Јуниор Кисела Вода.

Николовски е второто засилување за пивотменската позиција на Тинекс Пролет, откако веќе беше потпишан договор за соработка и со поранешниот младински репрезентативец Филип Арсеновски.

Во меѓувреме беа продолжени договорите со Палевски, Михаљевиќ и со Петковски, а управата на клубот ќе продолжи да работи на комплетирање на играчкиот кадар за наредната натпреварувачка сезона.

ПретходноИнтер ја прифатил понудата на Ал Наср за Брозовиќ
СледноРељиќ поразена во четвртфиналето на ЕИ во Краков