Кошаркарите „Под 18“ години ќе се тестираат против Израел, Црна Гора и Грција!

125

Машката јуниорска селекција на Македонија овој викенд ги „затвори“ првиот дел од подготовките. Денеска комплетниот тим се сели во Гевгелија, каде ќе следат контролни натпревари.

Од вторник, стартува новото издание од меѓународниот турнир „Бобан Петковски“. Собир на кој ќе бидат присутни четири национални тимови „Под 18“ години, освен нашата ќе учествуваат и селекциите на Израел, Црна Гора и Грција.

Добра прилика за селекторот Андреј Апостолски Лечиќ да ја провери моменталната подготвеност на тимот на кој ќе смета за настапите на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето од 21. до 30. јули ќе се одржи во Матошинос – Португалија.

СПИСОК НА ИГРАЧИ: Андреј Шошкиќ, Ангел Стојанов, Филип Чолаковски, Милош Кнежевиќ, Горазд Митев, Атанасиј Трајанов, Koста Ќириловски, Павел Иванов, Марко Лукановски, Бојан Величковски, Димитар Зетов, Дино Лазаров, Андреј Чадамов, Грегориј Јакимовски, Исак Муареми, Давид Петрушевски.

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“ 2023 – ГЕВГЕЛИЈА

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

27. ЈУНИ (ВТОРНИК)

17.00: МАКЕДОНИЈА – Грција

19.00: Црна Гора – Израел

28. ЈУНИ (СРЕДА)

17.00: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора

19.00: Грција – Израел

29. ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

17.00: Израел – МАКЕДОНИЈА

19.00: Грција – Црна Гора

ПретходноСпротивно од последните најави: Фирмино е блиску до нов клуб!
СледноРаботнички во среда ги „пали“ моторите!