Пораз во финалето: Георгиевски освои сребро на Европските Игри 2023

196

Нашиот најдобар таеквондист, Дејан Георгиевски загуби во финалето на Европските Игри во Краков во битката за златниот медал во категоријата над 87 килограми. Во последниот дуел на Игрите, Георгиевски немаше шанси против Канингем од Британија, кој доминираше во двете рунди и дојде до убедлива победа од 2:0 (4:0, 13:2).

За Георгиевски ова е прв медал од Европските Игри, откако сребро освои и на Летните Олимписки Игри во Токио пред две години. Инаку денеска на патот до финалето, нашиот таеквондист оствари три победи.

ПретходноНиколче Шаркоски во следните две сезони во Воска Спорт
СледноТиквеш ги претстави засилувањата и го одржа првиот тренинг (ФОТО)